Натпреварот Македонија – Косово за разлика од оние во последно кои се пренесуваа исклучиво на „СпортКлуб“ ќе оди и на МТВ 1 и МТВ 3.
Од МТВ со промо видео потврдија дека успеале да обезбедат пренос на првиот и третиот канал. Ова ќе биде историски натпревар натпревар, Македонија никогаш не била поблиску до пласман на едно и ЕП и не играла бараж, затоа МТВ направи напори и на крајот успеа да обезбеди пренос.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
До пред три години натпреварите на Македонија секогаш одеа на МТВ, но потоа „СпортКлуб“ ги купи правата за пренос на натпреварувањата под капата на УЕФА.