Квалификациските натпревари од групата„Б“ за пласман на Евробаскетот во 2022 година, кои се планирани да се играат во периодот од 28. до 30. ноември, ќе се играат со присуство на публика.
Иако здравствените прилики во Европа, но и во целиот свет, се далеку од идеални, во последно време е забележан е пораст на заразени со коронавирусот, организаторот на „балонот“ во Талин, доби дозвола од ФИБА, мечевите да бидат со присуство на гледачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, со строго контролиран протокол кој вклучува задолжително носење на заштитни маски на сите присутни во салата „Саку Сурхал“ во Талин. Контролирани влегување во објект на комплетно прегледани посетители, и соодветен простор за хендикепирани лица.
Кошаркарската федерација на Естонија ги објави и цените на билетите за натпреварите. Ќе се продаваат одвоено, односно за секој од предвидените четири натпревари на турнирот.
Па така, влезниците за средбата Италија-Македонија, која ќе се игра на 28. ноември (сабота), ќе чинат од 9. до 11. евра.
Очекувано, многу поскапи ќе бидат оние за мечот во кој домаќинот, Естонија ја пречекува селекцијата на Русија. Цените на билетите се движат од 25.80 до 40.80 евра.
Слична е и ситуацијата за вториот натпреварувачки ден на собирот во Талин. За средбата Русија-Италија ќе се плаќа од 16.80 до 30.80 евра, додека нашиот најважен натпревар за време на турнирот, оној со Естонците ќе може да се гледа „во живо“, ако се плати од 25.80 до 40.80 евра.