Македонската фудбалска репрезентација утре го игра првиот од двата пријателски натпревари во Анталија, а протинвик ќе биде селекцијата на Молдавија.
Денес селекторот Благоја Милевски ја одржа прес-конференцијата пред овој натпревар и најави дека натпреварот ќе го искористи за пробување нови варијанти, а минутажа ќе добијат сите во составот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Секако дека можам да изразам задоволство од виденото кај момците за овие три дена, што се однесува до работната атмосфера. За жал Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари.
И пред овој собир како и претходно проблем е минутажата на фудбалерите во клубовите.
Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал имаме фудбалери кои воопшто немаат минутажа, ама навиканите сме на тоа. Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, останатото што го покажуваат на собир, момците без разлика на натпреварувачката форма секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив.
Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти“, изјави Милевски.
Натпреварот против Молдавија се игра во терминот од 15:30 часот.