Дома Фудбал Италија Mилан и Интер едногласни – новиот стадион може да биде и надвор од Милано

Mилан и Интер едногласни – новиот стадион може да биде и надвор од Милано

Италијанските фудбалски клубови Милан и Интер потврдија дека ќе го изберат најбрзото решение за изградба на нов стадион, дури и ако стадионот биде надвор од градот Милано.

Миланските клубови одобрија проект за изградба на нов стадион на подрачјето на „Сан Сиро“, но новиот стадион нема да биде завршен пред 2027 година бидејќи на „Сан Сиро“ ќе се одржи церемонијата на отварање на Зимските олимписки игри во 2026 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неодамна беше предложен и алтернативен проект за стадион во близина на Милано, во градот Сесто Сан Џовани.

„Новиот стадион е за сите, не само за навивачите. Меѓутоа свесни сме дека бирократијата во Италија не е од помош. Интер и Милан имаат иста визија. Новиот стадион е темелен проект за град како Милан. Проблем е што овој проект припаѓа на Интер и Милан, а не на општината Милано. Една од причините зошто бараме алтернативи надвор од градот е што тој проект би бил завршен побрзо. Ни се брза со новиот стадион“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

Директорот на Интер Алесандро Антонело исто така истакна дека мораат да имаат алтернативи затоа што главната цел е новиот стадион да биде што побрзо завршен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…