Дома Фудбал Репрезентации Mбапе ги шокираше Французите пред ЕП: Политиката е поважна и од нашиот натпревар утре!

Mбапе ги шокираше Французите пред ЕП: Политиката е поважна и од нашиот натпревар утре!

Францускиот голгетер Килијан Мбапе ги изненади своите сонародници и пред првиот натпревар на Франција на Европското првенство почна да зборува за политика.

Мбапе сакаше да испрати апел до луѓето да гласаат на изборите, меѓутоа на оние кои следат политика ќе им биде јасно дека „меѓу редови“ даде поддршка на катуелниот претседател Емануел Макрон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Овој момент е клучен во историјата на нашата земја. Евро 2024 е важно во кариерата, но ние сме граѓани и на нашата држава, па мораме да реагираме. Ситуацијата која ја имаме досега е невидена. Ни се закануваат најразлични крајности, затоа ги повиквуам сите да гласаат, но и да се свесни за она со што се соочуваме. Мораме да се индетификуваме со нашите вредности. Се обидувам да ги разбудам луѓето од мојата генерација, велат дека не треба да се мешаат спортот и политиката, но постојат моменти кога политиката е поважна од било што друго, па и од нашиот утрешен натпревар. Нашата земја е во тешка ситуација. Јас сум против секоја поделба, моите вредности се почит и толеранција“, изјави Мбапе.

Франција првиот натпревар на Европското првенство го игра утре против Австрија во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …