Натпреварот ПСЖ – Башакшехир кој во вторникот беше прекинат поради расистички инцидент помеѓу четвртиот судија и Пјер Вебо заврши вчера со победа на ПСЖ од 5:1.
Најзаслужни за оваа победа на ПСЖ беа Нејмар и Мбапе. Нејмар постигна хет-трик, а Мбапе два пати се запиша во листата на стрелци. Со неговиот прв гол од пенал во 42 минута Мбапе стана рекордер во ЛШ и го симна од врвот Лионел Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе со 21 година и 355 дена стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал 20 голови во ова натпреварување. Меси кога стигна до бројката од 20 гола имаше 22 години и 266 дена.
Всушност необично е што Мбапе овој рекорд не го сруши и порано. Имено, до 19 голови во Лигата на шампионите стигнап ред скоро една година. Поточно, до утре ќе поминеше цела година (11 декември). Во тој период Мбапе одигра девет натпревари без постигнат гол.
21y 355d – Kylian Mbappé has now scored 20 goals in the UEFA Champions League, becoming the youngest player in the competition's history to reach this goal tally. Phenomenon. pic.twitter.com/9w98vuphmP
— OptaJoe (@OptaJoe) December 9, 2020