Eкипата на Милан во наредниот период би можела да се засили со словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко.
Ако се гледа долгорочно Милан мака мачи со нападот и немал вистинска деветка можеби уште од времето на славниот Филипо Инзаги. Од оние напаѓачи кои се менуваа по Инзаги најмногу се истакна секако Златан Ибрахимовиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Низ годините Милан во нападот ги имаше: Ориги, Пјонтек, Балотели, Торес, Калиниќ...Никој не успеа да биде решение за на долги патеки.
Информациите на „Газета дело Спорт“ сега се дека Милан ќе се засили со словенечкиот голгетер кој игра во одлична форма. Шешко важи за еден од најталентираните напаѓачи во Европа и секако дека за неговиот потпис постои конкуренција.
Покрај Шешко се споменуваат имињата на Дејвид и Гураси, како и Благоун од Монако.