Дома Топ вести Mеси со големо интервју: За Гризман, Роналдо, Нејмар, конкурентите…

Mеси со големо интервју: За Гризман, Роналдо, Нејмар, конкурентите…

За каталонскиот „Спорт“ Лионел Меси зборуваше на интерсни теми.

Eден од најдобрите фудбалери на светот изјави дека не се точни шпекулациите дека тој го составува тимот на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меси даде опширно интервју за „Спорт“ во кое призна дека сакал Нејмар да се врати ова лето.

„Јасно е дека некои беа против затоа што замина, но од спортска страна тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот и секако дека би ни значел ако се вратеше. Не е точно дека ја го составувам тимот и дека сум притискал да биде вратен. Дека сакав да се вратив, сакав. Нема сомневање дека тој би го подигнал нашиот квалитет, не знам дали клубот направи доволно напор да го врати. Тоа ќе беше голема работа за имиџот на клубот, заработката од спонозорите…Го следев целиот случај од медиумите. Не ми беше се јасно. Од кога пропадна можноста да се врати не сме се слушнале. Ние играчите не наметнуваме нешто, можеме само да го кажеме нашето мислење“.

За Роналдо…

„Не сме пријатели бидејќи не се познаваме добро, не сме играле во ист клуб. Но се гледаме на некои случувања. Нема никакви проблеми, кога ќе се видиме разговараме. Не знам дали ќе се сретнеме пак затоа што секој си има свои обврски“.

Антоан Гризман…

„Многу малку го познавам. Скоро и да не се сретнавме. Се повредив и останав надвор од тимот, а тие започнаа со натпревари. Ќе се запознаеме има време, ќе делиме многу работи“.

За конкурентите во Примера и ЛШ.

„Атлетико е добар тим, добро купуваа. Реал исто така направи голема работа со доведувањето на Азар. Јувентус и Манчестер Сити сметам дека ни се најголема закана во Европа. Сепак има повеќе силни тимови, ќе биде ова изедначена Лига на шампиони“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…