Дома Фудбал Франција Mбапе и Реал се договориле за средба идната недела

Mбапе и Реал се договориле за средба идната недела

Вчера и денес посебно актуелна во медиумите е ситуацијата со Килијан Мбапе, тоа веројатно и очекувано затоа што договорот на Мбапе е се поблиску до истекот (30. јуни).

Во медиумите вчера вечер прво се појави информација дека Мбапе прифатил продолжување на договорот со ПСЖ. Информациите гласеа дека се согласил на договор вреден 200 милиони евра во времетраење од две години (50 по сезона и 100 како бонус за потписот). Меѓутоа потоа се огласи неговата мајка која истакна дека нема никаков договор ниту со ПСЖ, ниту со било кој друг клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„РМЦ Спорт“ денес пренесува дека менаџерскиот тим на Мбапе се договорил за средба со Реал Мадрид. Средбата била договорена да се случи во текот на наредната недела и на истата би се разговарало за понудата која Реал е спремен да ја испрати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Издаден налог за апсење: Поранешниот фудбалер на Јувентус и Баерн се најде во голем проблем!

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста се соочува со сериозни правни проблеми, откако судот во …