
Еден од најдобрите светски кошаркари, Лука Дончиќ, ги пропушти последните два натпревари на тимот од Лос Анџелес Лејкерс бидејќи очекуваше нов член во семејството. Денес, тој со своите фанови ги сподели среќните вести.
Дончиќ на Инстаграм објави фотографии на кои потврдува дека по втор пат стана татко, бидејќи на сликата се гледа неговата втора ќерка.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Овие денови Лукас престојуваше во Словенија, каде што неговата сопруга Анамарија ја донесе на свет уште една девојчица.
Овој пат, Лукас и Анамарија решија да ја именуваат својата ќерка како Оливија, што Дончиќ го откри со објава на социјалните мрежи.
Инаку, првата ќерка на оваа двојка се вика Габријела и се роди на крајот од 2023 година.
Вреди да се нагласи дека љубовната приказна на Лукас и Анамарија започнува од нивното детство, бидејќи се запознале кога словенечкиот кошаркар имаше само 12 години. Официјално се во врска од 2016 година.