
ЛУКА ДОНЧИЌ ќе стане првиот играч во НБА со плата од 80 милиони долари годишно, објави американскиот портал sports.yahoo.com, повикувајќи се на Fadeaway World. Словенецот, суперѕвезда на најсилната кошаркарска лига во светот, неодамна го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс на три години вреден 165 милиони долари, со што влезе меѓу 25-те играчи со најголема заработка во историјата на НБА.
На крајот од тој договор, ќе има можност за историско продолжување кое би му можело да донесе 417 милиони долари за пет години, што би значело дека неговата просечна годишна плата ќе ја надмине сумата од 80 милиони долари. Според извори, Дончиќ сака да ја одбие опцијата на играч вредна 57,58 милиони долари за сезоната 2028/29, со цел да ги сруши рекордите во НБА.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според Ашиш Матхур од Lakers Daily, Дончиќ има за цел долгорочно да си обезбеди иднина во Лејкерс и во сезоната 2028/29 да стане првиот играч со договор поголем од 400 милиони долари. Во моментов, Џејсон Татум го држи рекордот за највредно продолжување од 314 милиони долари за пет години.
Во следните две сезони, можно е Леброн Џејмс да се повлече од НБА или барем да ги напушти Лејкерс по завршувањето на сезоната 2025/26. Неговите агенти, преку изјави, јасно покажаа дека Џејмс нема да биде разменет оваа сезона и дека планира да ја заврши последната година од договорот со Лејкерс.
Поради тоа, Дончиќ ќе треба соиграч со ѕвезден статус кој ќе ги води Лејкерс кога ќе замине Џејмс. Веќе на социјалните мрежи навивачите шпекулираат за можноста Никола Јокиќ да му се придружи во таа сезона.
Лејкерс јавно најавија дека сакаат да го задржат просторот под salary cap за летото 2027. Јокиќ има опција на играч за сезоната 2027/28, и ако ја одбие, може да стане слободен играч баш кога Лејкерс планираат голем потег.