
Тренерот на фудбалерите на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, по елиминацијата на Арсенал и пласманот во финалето на Лигата на шампионите изјави дека неговиот тим подобро се снаоѓа без Килијан Мбапе.
Светците се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако и во реваншот го совладаа Арсенал со резултат 2:1, по минималната победа од 1:0 во Лондон.
Паризаните во финалето на елитното европско натпреварување, кое ќе се игра на 31 мај во Минхен, ќе се сретнат со италијанскиот Интер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Луис Енрике минатата сезона одлучи дека фудбалерот Килијан Мбапе не му е потребен и дека тимот ќе функционира подобро без него.
„Бев многу храбар минатата сезона кога реков дека без Мбапе ќе имаме подобар тим. Сè уште го мислам тоа, а тоа го потврдува и статистиката“, рече Енрике, и потоа продолжи:
„Штета што Мбапе замина, но играчите тоа го видоа како предизвик. Би сакал Мбапе да останеше, но останатите играчи одлично одговорија на предизвикот. Јас секогаш би претпочитал да имам четири играчи кои ќе постигнат по десетина гола отколку еден што ќе постигне 40“.
Килијан Мбапе е најдобриот стрелец во историјата на клубот со 256 голови и 107 асистенции во 308 натпревари, минатото лето го напушти Париз и се пресели во Реал Мадрид.