Дома Фудбал Луис Енрике незадоволен од игралиштата на Светското првенство за клубови: Топката отскокнува како зајак

Луис Енрике незадоволен од игралиштата на Светското првенство за клубови: Топката отскокнува како зајак

ПСЖ со победа против Сиетл (2:0) во последното коло од групната фаза на Светското првенство за клубови си обезбеди место во осминафиналето, каде што го чека Интер Мајами.

Но, тренерот на европскиот првак не е задоволен. Луис Енрике, по натпреварот во Сиетл, изрази незадоволство поради квалитетот на тревниците на турнирот што се одржува во САД.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Сакам да напоменам, иако победивме, дека состојбата на терените на првенството не е на ниво соодветно за фудбал. Овде тревниците се со многу помал квалитет од европските. Топката на нив отскокнува како зајак. Сега игравме на терен кој претходно беше вештачки, а сега е природен. Тоа значи дека се наводнува рачно и се суши за десет минути”, рече Енрике и продолжи:

“Тоа е очигледен проблем, а не изговор. На терени како овие на првенството во Америка не можеме да играме на нивото кое го посакуваме. ФИФА мора да ја разгледа оваа ситуација. Не само на стадионите, туку и во тренинг-камповите. Не можам да замислам, на пример, НБА терени со дупки, а ние овде играме на терени на кои топката повеќе се однесува како зајак отколку како топка. Ако мораме толку многу да критикуваме, значи дека е време за промени.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато име се враќа во трката за Душан Влаховиќ

Барселона важи за главен фаворит кога станува збор за потписот на Душан Влаховиќ, но не мо…