Дома Останати Кошарка Лудница во финалето на НБА лигата. Драма за пресврт и спас на Тандер во режија на МВП

Лудница во финалето на НБА лигата. Драма за пресврт и спас на Тандер во режија на МВП

ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР ja совлада Индијана Пејсерс на нивен терен со резултат 111:104, изедначувајќи ја серијата на 2:2 во финалето на НБА лигата, кое се игра до четири победи. Овој триумф беше од големо значење за тимот на Оклахома, бидејќи во третата четвртина домаќините имаа предност од десет поени и беа на чекор до историска победа против фаворитите.

Сепак, Тандер успеа да направи пресврт и да извлече победа која ја донесе серијата повторно во Оклахома Сити, каде што ќе се игра петтиот натпревар во вторник, во раните утрински часови. Таа извонредна победа беше овозможена благодарение на Гилџис-Александер. Овој кошаркар, кој неодамна беше прогласен за МВП на најсилната лига, блесна кога беше најпотребно и ги оправда очекувањата дека е носител на “Трофејот Мајкл Џордан”.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Од вкупно 35 поени што ги постигна, дури 15 беа во последните четири и пол минути. Тандер обезбеди пресврт победувајќи со серија 16:7, а Гилџис-Александер ги постигна сите поени освен еден. Интересно е тоа што ова е првпат оваа сезона да го заврши натпреварот без ниту една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Joкиќ против Дончиќ во Белград: Познати и цените за спектаклот!

Кошаркарската репрезентација на Србија на 21 август ќе ја пречека Словенија во белградскат…