Дома Фудбал Луда сцена на Африканскиот Куп на Нации: Во еден натпревар заменија тројца голмани (Видео)

Луда сцена на Африканскиот Куп на Нации: Во еден натпревар заменија тројца голмани (Видео)

Африканскиот куп на нации, кој во моментов е во тек, продолжува да нуди интересни моменти, а синоќа репрезентацијата на Уганда приреди нешто што ретко се случува во светот на фудбалот.

Ова континентално натпреварување, кое се одржува секои четири години и на кое се натпреваруваат врвни африкански фудбалери, можеби не е најелитното по квалитет, но дефинитивно е највозбудливо по неочекувани ситуации, резултати и целиот фолклор што го следи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фудбалерите на Уганда синоќа се соочија со неверојатна ситуација. Беа принудени да употребат тројца голмани за само 13 минути, сите тројца што ги зедоа на Африканскиот куп.

Уганда, според очекувањата, претрпе пораз од Нигерија со резултат 3:1 и не успеа да се пласира во нокаут фазата.

Во 46. минута, поради повреда, првиот голман на Уганда, Денис Онјанго, беше заменет и на негово место влезе Салим Магула.

Сепак, Магула, само 11 минути подоцна, доби директен црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот, по што мораше да влезе третиот голман, Нафиан Алионзи. Нигерија ја искористи оваа ситуација и со два брзи гола од 62. до 67. минута го реши натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невил удри по Аморим: Неговите измени ги нарече бизарни

Познатиот Гери Невил остро ги критикуваше тактичките потези на Рубен Аморим во синоќешното…