Дома Фудбал Ливерпул повторно би можел да остане без еден од најдобрите, а еве што тој вели за оваа тема

Ливерпул повторно би можел да остане без еден од најдобрите, а еве што тој вели за оваа тема

Иднината на Ибраима Конате е тема на шпекулации веќе подолг период, бидејќи дефанзивецот на Ливерпул би можел да почне слободни преговори со други тимови во јануари, доколку до тогаш не го продолжи својот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Централниот дефанзивец на “Црвените” навести дека одлуката за неговата иднина би можела наскоро да биде донесена. Договорот на францускиот репрезентативец истекува во јуни на “Енфилд”, а засега нема информации дали ќе дојде до продолжување.

Реал Мадрид долго време е поврзан со поранешниот играч на Лајпциг, кој беше дел од францускиот тим на Светското првенство 2022 и Европското првенство 2024 година. Кралскиот клуб минатото лето веќе го „презеде“ Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, и има шанси повторно да преземе сличен чекор.

На “Енфилд”, причина за оптимизам би можела да биде по обичајната пракса на Ливерпул да ги финализира договорите со клучните фудбалери во последен момент. Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк беа на помалку од шест месеци од заминување без обештетување, но на крајот двајцата ги продолжија договорите пред завршницата на минатогодишното првенство.

– Во последно време прочитав многу нешта во медиумите, на пример дека Ливерпул ми понудил нов договор. Не знам од каде доаѓаат тие информации. Моите агенти продолжуваат да преговараат со Ливерпул. Се надевам дека одлуката за мојата иднина наскоро ќе биде донесена и дека ќе можам да ја објавам – изјави фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Непријатни вести од Светското: А дали ќе го гледаме Нејмар? Солзи во Бразил!

Фудбалски Бразил би можела да остане без своја најголема надеж додека трае целата групна ф…