Дома Фудбал Ливерпул подготви понуда од 180 милиони евра за „недопирливиот“!

Ливерпул подготви понуда од 180 милиони евра за „недопирливиот“!

Ливерпул потроши околу 500 милиони евра на трансфери за време на изминатото лето, но ни тоа не им помогна да бидат лидери оваа сезона во Премиер лигата.

На Енфилд пристигнаа Александер Исак, Флоран Вирц, Милош Керкез, Фримпонг и Хуго Екитике.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од сите тие, некако единствено вреди да се издвојува Екитике, кој пристигна за 75 милиони евра од Ајнтрахт и постигна 11 голови во 24 одиграни натпревари за „Црвените“.

Сепак, нивната борба за титулата во Премиер лигата не оди според планот бидејќи во моментов се на четвртото место, со 14 поени зад лидерот, екипата на Арсенал.

Сè уште се чека првиот вистински потег на Ливерпул кога станува збор за јануарскиот преоден рок.

Веќе донесоа едно засилување, тоа е потпишување на договор со сенегалскиот стопер Мора Тало Ндиаје.

Сепак, „Црвените“ наводно подготвуваат потег кој без никакво сомневање ќе ги воодушеви сите навивачи на тимот од Енфилд.

Според пишувањето на шпанскиот Фичајес, управата на Ливерпул сака да го доведе репрезентативецот на Англија и играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем.

Наводно, од Ливерпул подготвиле понуда од дури 180 милиони евра за да го доведат од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се повреди на три месеци пред СП – ѕвездата на Баерн во солзи го напушти теренот

Извонредната победа на Баерн над Аталанта со 6:1 во Бергамо беше засенета од непосакуван н…