Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо (26) се врати летово во Барселона во трансфер вреден околу 60 милиони евра, но веќе по само неколку месеци може да си замине од клубот. Причината не се лошите партии, туку финансиските проблеми со кои се бори Барселона и кои можат да доведат до тоа клубот да остане без својот скапоцен фудбалер!
Едвај успеа Барселона да го регистрира Олмо за есенскиот дел од сезоната, а од 1 јануари почнуваат да важат новите правила, така што денеска ќе се одлучи дали постојат основи фудбалерот да биде регистриран. Во судот во Барселона денеска адвокатот Игнасио Фернандез де Сенеспледа од страна на Ла Лига ќе одлучи дали Олмо може да игра за клубот во вториот дел од сезоната, а наводно сите на Камп Ноу се убедени дека исходот ќе биде позитивен за нив.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Дополнително, истакнуваат дека Барселона ќе го регистрира Олмо до крајот на неговиот договор (лето 2030 година), но ќе видиме што ќе кажат во Ла Лига бидејќи ситуацијата исто може да се обрне и да репрезентативецот на Шпанија стане слободен агент.