Дома Моторспорт Леклер бесен на Фарари: Морате да ме слушате, овој болид не се вози!

Леклер бесен на Фарари: Морате да ме слушате, овој болид не се вози!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, донесе изненадување со освојувањето на пол позицијата за Големата награда на Унгарија во саботата, но следниот ден мораше да се задоволи со само четвртото место во трката.

Почнувајќи од позицијата на лидер, Монаканецот одлично се држеше сè до второто менување на пневматиците, кога падна зад двајцата возачи на Мекларен, а истовремено беше стигнат од Џорџ Расел во Мерцедес.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уште пред Британецот да успее да му се приближи, Леклер му пренесе порака на тимот, кој го повика во пит-стоп пет круга пред Пјастри. Тоа повлековме чинеше и борба за подиум и за победа.

„Ова е неверојатно фрустрирачко. Губиме целата конкурентност. Мора да ме слушате, би нашол друг начин да се справам со овие проблеми. Сега болидот не се вози.. Чудо ќе биде ако завршиме на подиум“, рече Леклер.

Чудото не се случи, бидејќи Расел го претече Леклер во 62. круг од 70, а покрај тоа, Монаканецот доби казна за тоа како се бранеше од возачот на Мерцедес.

Победата на Големата награда на Унгарија ја освои Ландо Норис од Мекларен, кој успешно ги одбрани нападите на неговиот тимски колега Оскар Пјастри, додека Расел заврши трет, со повеќе од 20 секунди разлика зад нив, а исто толку пред Леклер.

Сега следи летна пауза во Формула 1, која ќе трае до Големата награда на Холандија на „Зандворт“, која е закажана од 29 до 31 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Норис се одбрани од Пјастри и победи на Хунгароринг!

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, забележа победа на Големата награда на Унгарија, 14-та т…