Дома Фудбал Легендите на Манчестер Јунајтед станаа единствени сопственици на англискиот четвртолигаш

Легендите на Манчестер Јунајтед станаа единствени сопственици на англискиот четвртолигаш

Дејвид Бекам и Гери Невил го завршија преземањето на Салфорд, поранешните членови од „Класата ’92“ ги продадоа своите акции и го напуштија проектот што траеше со години.

Група играчи од Манчестер Јунајтед, „класата ’92“, го купија Салфорд уште во 2014 година. Сега клубот е во рацете само на двајца – Невил и Бекам, кои ги купија акциите од Ники Бат, Рајан Гигс, Фил Невил и Пол Скулс.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во крајот од 2024 година се повлече и Питер Лим, кој до тогаш беше мнозински сопственик, така што сега клубот е целосно на Невил и Бекам.

Невил и Бекам мораа да најдат средства за оваа иницијатива, а ги најдоа во инвеститорите Деклан Кели – основачот на консултантската фирма Кансело, и лордот Мервин Дејвис, првиот човек на Тениската федерација на Англија.

Атлетик тврди дека инвестицијата е вредна 11 милиони фунти, плус 15 милиони фунти кои ќе бидат вложени во инфраструктурата на Салфорд и засилувања.

Кели и лорд Дејвис нема да имаат никаква активна улога во управувањето на клубот, а се очекува Бат, Гигс, Скулс и Фил Невил да имаат менаџерски улоги иако повеќе не се сопственици на акции.

Салфорд во првите пет години напредна за четири ранга, а сезоната 2024/25 им беше шеста последователна во Лига 2.

Фото: Salford FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…