Дома Останати Кошарка Легендарниот тренер се јави по мозочниот удар: Повторно се враќа во НБА!

Легендарниот тренер се јави по мозочниот удар: Повторно се враќа во НБА!

Познатиот кошаркарски тренер Грег Попович шест недели по мозочниот удар што го доживеа, објави соопштение во кое откри дека наскоро ќе се врати на клупата на Сан Антонио Спарс.

Искусниот тренер на 2 ноември доживеа лесен мозочен удар, па во негово отсуство екипата ја водеше асистентот Мич Џонсон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Овие шест недели беа навистина неочекувани за моето семејство и мене. Додека работиме заедно на моето опоравување, би сакал да издвојам момент за да споделам дека поддршката што ја добивме во овој период беше навистина огромна на најдобар можен начин. Иако би сакал да се обратам секому од вас поединечно, за сега дозволете ми да кажам дека моето семејство и јас сме засекогаш благодарни. Благодарни сме на нашата прекрасна заедница, целата организација на Спарс, како и на нашето семејство и пријателите”, истакна Попович и додаде:

„Никој не е поуспешен од мене кога е во прашање моето враќање на клупата, освен талентираните индивидуи кои го водат мојот процес на рехабилитација“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна грешка во НБА: Ова дури и во ракомет се чекори! (Видео)

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо синоќа одржа уште едно впечатливо шоу во НБА лигата, а …