
Познатиот аргентински тренер Хорхе Сампаоли го презеде бразилскиот Атлетико Минеиро.
Тимот од Бело Хоризонте мораше да реагира поради неочекувано слабите резултати, особено во домашното првенство, а ребус беше и елиминацијата од Купот на Бразил од Крузеиро.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
По поразителните резултати, поранешниот стратег Кука доби отказ, додека Сампаоли доби задача да го крене тимот и да го стави во позиција за борба за високо пласман.
Сампаоли ќе работи за годишна плата од 3.000.000 евра.
Тој е тренер со богато искуство во работата со клубови и репрезентации.
Беше селектор на Чиле и Аргентина, а водеше и клубови како Севиља, Емелек, Сантос, Олимпик Марсељ, Рен, Фламенго…
Сампаоли веќе го предводеше Атлетико Минеиро во сезоната 2020/2021, и сега се враќа да помогне во тешката ситуација.
Аргентинецот добива екипа полна со искусни играчи, како што се Хулк, Густаво Скарпа, Дуду, Рејние, Алан Франко и неговиот сонародник Фаусто Вера. Сепак, ќе мора да се соочи и со сериозни финансиски проблеми и заостанати плати кои го оптоваруваат клубот.
Атлетико Минеиро, кој сега функционира како акционерско друштво, се уште е во игра во Копа Судамерикана, каде во четвртфиналето ги очекува Боливар од Ла Паз.