Дома Останати Тенис Легендарен тениски тренер го откри главниот проблем на Ѓоковиќ

Легендарен тениски тренер го откри главниот проблем на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е непрепознатлив во 2025 година, иако ниту минатата не беше на нивото на претходните, но златото на Олимпијадата во Париз ги „покри“ сите проблеми. Годините пристигнаа и до најдобриот што го видел белиот спорт, но најголемиот проблем е недостатокот на мечеви, барем така вели Хајнц Гинхарт, долгогодишниот тренер на Штефи Граф.

„Толку малку игра станува вистински хендикеп со тек на време“ рече Гинхарт за „Блик“ и додаде:

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Самодовербата и рефлексите доаѓаат од ритамот на мечевите. На врвно ниво, неколку сантиметри доцнење може сè да промени. Со годините, мора да тренирате поефикасно. Дневната концентрација станува неопходна“.

Ѓоковиќ оваа сезона претрпе три порази (Австралиски опен, Доха, Индијан Велс), што не му се случило од 2018 година.

Што се однесува до Гинхарт, тој работеше со Граф од 1992 до 1999 година, кога Германката ја заврши кариерата, во која освои 22 Грен слем титули и помина 377 недели на првото место на ВТА листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ славеше во Мајами

Новак Ѓоковиќ однесе победа против австралискиот тенисер Ринки Хиџиката со резултат 6-0, 7…