Дома Фудбал Легенда на Барселона: Тоа е вистина, ме отпишаа поради висината…

Легенда на Барселона: Тоа е вистина, ме отпишаа поради висината…

Барселона во својата историја има создадено многу познати имиња, а еден од играчите кој беше клучен во трофејната ера на клубот е Жорди Алба.

Во периодот од 2012 година, кога пристигна од Валенсија, до 2023 година, кога замина во Интер Мајами, учествуваше во освојувањето на шест титули во Ла Лига, пет Купови на кралот, Лигата на шампионите во 2015 година, три шпански Суперкупа и светското клупско првенство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интересно, токму каталонскиот клуб го отпишал уште во помладите селекции поради – висината: „Вистина е, не е мит“, започна Жорди Алба и објасни:

„Можете да ги видите моите снимки од детството, разликата беше многу очигледна. Имаше тренери кои веруваа во мене и имаше такви кои не веруваа… Првите години ми рекоа дека, ако сакам, можам да останам, но дека нема да играм. Не ми дадоа шанса да играм, побарав прекин на договорот и потпишав за Валенсија“, раскажа за Ел Ларгуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…