Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс урна уште еден рекорд на Џабар (Видео)

Леброн Џејмс урна уште еден рекорд на Џабар (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 113:100, а мечот го одбележа нивниот играч Леброн Џејмс.

Леброн стана рекордер во лигата по бројот на одиграни минути во регуларниот дел од сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој помина 34 минути на теренот, па со вкупно 57.471 минута во кариерата го надмина Карим Абдул-Џабар, кој беше рекордер со 57.446 минути.

Џејмс натпреварот го заврши со 19 поени, седум асистенции и шест скока.

Да потсетиме, Леброн минатата година во февруари го собори рекордот на Абдул-Џабар за 38.387 поени, за кој многумина веруваа дека е недостижен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сезонава завршува една неверојатна низа на Леброн долга 21 година!

Актуелната сезона во најсилната кошаркарска лига во светот носи и крај на една неверојатна…