Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс урна уште еден рекорд на Џабар (Видео)

Леброн Џејмс урна уште еден рекорд на Џабар (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 113:100, а мечот го одбележа нивниот играч Леброн Џејмс.

Леброн стана рекордер во лигата по бројот на одиграни минути во регуларниот дел од сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој помина 34 минути на теренот, па со вкупно 57.471 минута во кариерата го надмина Карим Абдул-Џабар, кој беше рекордер со 57.446 минути.

Џејмс натпреварот го заврши со 19 поени, седум асистенции и шест скока.

Да потсетиме, Леброн минатата година во февруари го собори рекордот на Абдул-Џабар за 38.387 поени, за кој многумина веруваа дека е недостижен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ е „машина“: Србинот го урна Голден Стејт за шести триумф по ред на Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс го продолжија победничкиот низ во НБА лигата, откако пред сво…