Селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров не го криеше разочарување од судењето на мечот против Холандија.
Натпреварот го одбележаа три црвени картони, лошо судење на данските судии и скандирања „ИХФ мафија“ од македонските навивачи.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Уште вчера кажав дека нѐ очекува една тешка борба иако знае да не понесе еуфорија, добро знаев што нѐ чека. Сепак, очекував позитивен резултат затоа што требаше да ги искористиме нашите навивачи и целата атмосфера, како и самодовербата на ракометарите, но не секогаш е иста метката ‘дома и на пазар’. Секој натпревар е различен и овој денеска излезе од целосна контрола, ова личеше на сѐ, но не на натпревар од едно Светско првенство“, истакна Лазаров.
„Колку и да не сакам да зборам и да се правдам поради нешто кога имате 12 пенали, колку и да биле добри да дојдат до тие пенали, 12 пенали еден тим да има и да имаме толкав број на исклучување ,тешко е како тренер да го водите тимот. Ние речиси 20 минути бевме со играч помалку и од нивната игра е тешко да се браниш, уште повеќе кога сте со играч помалку“.