Дома Фудбал Лапорта прерано се израдува: Ла Лига ѝ удри „шлаканица“ на Барселона

Лапорта прерано се израдува: Ла Лига ѝ удри „шлаканица“ на Барселона

Раководството на Ла Лига реши да поднесе жалба на одлуката на Високиот спортски совет за регистрација на играчите на Барселона Дани Олмо и Пау Виктор.

Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија одбија да ги регистрираат фудбалерите на Барселона Дани Олмо и Пау Виктор, но нивната одлука ја промени Високиот спортски совет кој даде зелено светло за регистрација на двајцата играчи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тоа не им се допадна на Атлетико Мадрид кој јавно реагираше. Од клубот изразија жесток протест за одлуката, а истото го решија и челниците на Ла Лига.

„Мундо Депортиво“ открива дека ќе се упати жалба до Високиот спортски совет на одлуката. Ќе ја потпише лично првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Ла Лига ќе се обиде да ја оспори регистрацијата на Дани Олмо така што одлуката на Високиот спортски совет ќе ја доведе пред суд“, се наведува во текстот.

Така што, во следните денови Дани Олмо, Пау Виктор и борбата на Барселона за регистрација може повторно да бидат во преден план. Ла Лига само бара да се почитуваат одлуките и да бидат максимално праведни за сите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо и Фенербахче подготвија понуда за Влаховиќ

Како што пишуваат италијанските медиуми, Фенербахче и Жозе Мурињо подготвуваат понуда за Д…