Дома Фудбал Лапорта победи на изборите и останува претседател на Барселона! (Видео)

Лапорта победи на изборите и останува претседател на Барселона! (Видео)

Жоан Лапорта убедливо го порази единствениот противкандидат Виктор Фонт на претседателските избори во Барселона.

Уште во попладневните часови, по убедливата победа над Севиља, играчите на Барселона кои имаат право на глас, се појавија на избирачкото место и заедно со Лапорта започнаа прославата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Веќе тогаш беше јасно дека Виктор Фонт, кој од големите имаше поддршка само од Чави Ернандес, не можеше да биде достоен кандидат за Лапорта.

Тој така обезбеди уште еден претседателски мандат во наредните пет години, така што на чело на Барселона скоро ќе одбележи полнолетство.

Лапорта во првиот мандат беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, во златниот период со Франк Рајкард и потоа Пеп Гвардиола, а потоа се врати во клубот во март 2021 година.

Тогаш исто така го победи Виктор Фонт, и тоа убедливо, како и на денешните избори. Според последните информации, Лапорта освои близу 70% од гласовите.

Фонт кратко им се обрати на присутните медиуми и му честиташе на Ѓоан Лапорта за победата на претседателските избори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Дај боже пак да изненадиме како со Италија!

Селекторот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, денеска го објави п…