
На сите им е јасно дека ќе има многу промени во Манчестер Јунајтед ова лето и дека ќе има многу одлуки, но и трансфери.
Еден од играчите што Рубен Аморим сака што побрзо да го донесе е Матеус Куња, кој оваа сезона играше импресивно во дресот на Вулверхемптон.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Бразилецот играше навистина одлично и го привлече вниманието на себе, а сето тоа очигледно ќе му донесе голем трансфер во Манчестер Јунајтед.
Куња во договорот имаше откупна клаузула од 75 милиони евра, што Манчестер Јунајтед ќе ја активира и ќе го ангажира овој играч.
Веднаш протекоа детали од договорот што ќе го добие Куња во Манчестер Јунајтед, а тој бараше некои огромни работи.
Пред сè, неговата плата значително ќе порасне, што е навистина впечатливо со оглед на тоа дека Манчестер Јунајтед има финансиски проблеми.
Така, наместо досегашните 140 илјади евра неделно, Кунја во Манчестер Јунајтед ќе заработува околу 230 илјади евра месечно.
Тоа значи дека ќе биде четвртиот најплатен играч во Манчестер Јунајтед, веднаш зад Касемиро, Бруно Фернандес и Мејсон Маунт.
Фото: Принтскрин