Дома Фудбал Кукурeља: Натпреварот не е јас против Ламин Јамал, на терен сме 11 на 11

Кукурeља: Натпреварот не е јас против Ламин Јамал, на терен сме 11 на 11

Одбранбениот играч на Челзи Марк Кукуреља ќе се соочи со неговиот поранешен клуб Барселона во вторник во натпревар од Лигата на шампионите, каде што ѕвездата на лондончани ќе мора да се справи со Ламин Јамал. Левиот бек зборуваше за претстојниот судир на прес-конференција пред натпреварот и истакна дека Челзи треба да ја оттргне топката од Барселона ако сака да постигне добар резултат.

„Клучно ќе биде да им ја одземеме топката, како и физичкиот аспект. Барса е одличен тим. Оваа година можеби не целосно го контролираат натпреварите, но тие се шампиони на лигата и носители на купот. Се справуваат добро и располагаат со многу талент. Тоа ќе биде многу возбудлив натпревар и ние сме нетрпеливи да се докажеме. Ова е голем дуел. Имаме два од најдобрите млади состави во светот. Ќе биде многу забавно. Луѓето кои ќе го гледаат натпреварот ќе уживаат многу.“

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Кукуреја коментира и за перспективата да се соочи со Јамал, признавајќи дека го очекува сериозен предизвик со младинецот.

„Утрешниот натпревар не е Ламин против Кукуреја. Ќе биде тешка борба, но се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе победиме“, додаде тој.

„Против такви играчи никогаш не знаеш што ќе направат, но донекаде го познавам и ја имам поддршката од мојот тим. Играме единаесет против единаесет. Се надеваме дека ќе ги земеме трите поени, кои се многу важни за нас.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола се изввини за своето однесување по поразот од Њукасл: Се чувствувам непријатно и засрамено

Менаџерот на Манчестер Сити Жозеп Гвардиола потврди дека екипата моментално го заборави по…