Дома Фудбал Криминалци се обиделе да киднапираат најдобриот фудбалер на Зенит

Криминалци се обиделе да киднапираат најдобриот фудбалер на Зенит

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк, потврди дека полицијата привела осомничени за обид за напад врз фудбалер и киднапирање на еден бизнисмен.

Таа не прецизираше за кого точно се работи, но според извор на порталот РИА Новости, станува збор за Андреј Мостовој. Најверојатно, фудбалерот на Зенит бил нападнат од неколку лица. Тие се обиделе да го наведат во автомобил, но еден случаен минувач му притрчал на помош и го спасил од криминалците. Сѐ се случило во текот на ноќта на 23 октомври.

Два дена по ова, на истото место бил киднапиран еден бизнисмен. Тој бил присилен да влезе во автомобил и да им предаде голема сума на пари на криминалците, по што бил пуштен. Полицијата од Санкт Петербург објасни дека четворица мажи се приведени. Против нив се покренати казнени постапки за киднапирање, обид за киднапирање и грабеж.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


– Во Санкт Петербург моите колеги од криминалистичката полиција притвориле осомничени за киднапирање на бизнисмен и обид за киднапирање на познат фудбалер – напиша Волк на својот Телеграм канал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна сума: Алонсо ќе добие голема отштета за отказот во Реал!

Иако во Мадрид беше прифатен како човекот со кој почнува новата ера на Реал, Xabi Alonso п…