Дома Фудбал Крај на една голема ера: Џејми Варди заминува од Лестер!

Крај на една голема ера: Џејми Варди заминува од Лестер!

Искусниот англиски фудбалер Џејми Варди потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Лестер, чиј дрес го носеше во изминатите 13 години и го постигна најголемиот успех со освојување на Премиер лигата во сезоната 2015/16.

Варди пристигна во Лестер во 2012 година од Флитвуд Таун и за кратко време стана миленик на навивачите на “лисиците”, кои во него гледаа симбол на лојалност и олицетворение на борбата за клупски успеси.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Кога шампионската генерација од 2016 година се распадна во звучни клубови низ Европа, Варди остана на “Кинг Пауер”.

Минатото лето Лестер обезбеди враќање во Премиер лигата, а Варди потпиша нов договор за уште 12 месеци, кој, според сите изгледи, ќе биде завршен на крајот од сезоната.

Иако го негуваше надежта дека со омилениот тим ќе направи исчекор во возвратната сезона во Премиер лигата, испаѓањето од највисокиот ранг на англискиот фудбал сигурно ја забрза одлуката за заминување.

Имајќи предвид дека зимава наполни 38 години, останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата Варди, а во емотивното обраќање до навивачите на Лестер, јасно е дека од “Кинг Пауер” заминува како духовно побогат човек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Филипо Инзаги има нов клуб, повторно ќе се бори за Серија А!

Добро познатиот италијански стратег, Филипо Инзаги, е новиот тренер на Палермо! Инзаги, ко…