Португалскиот фудбалер Нани објави на социјалните мрежи дека заврши со професионалното играње фудбал на негови 38 години.
„Дојде времето да кажам збогум, одлучив да ја завршам кариерата како професионален играч. Тоа беше неверојатно патување, и сакам да се заблагодарам на секој што ми помогна и ме поддржа низ успесите и падовите за време на кариера која траеше повеќе од 20 години и која ми даде толку многу незаборавни спомени. Време е да свртам нова страница и да се фокусирам на нови цели и соништа. Ќе се видиме наскоро“, рече Нани.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Нани ги постигна најголемите успеси во кариерата со Манчестер Јунајтед, каде што настапуваше во периодот од 2007 до 2015 година. Одигра 147 натпревари за “Црвените ѓаволи” и постигна 25 гола, а со нив ја освои Лигата на шампионите во 2008 година.
За националниот тим на Португалија одигра 112 натпревари и постигна 24 гола, и го освои Европското првенство во 2016 година.
The time has come to say goodbye, I have decided to finish my career as a professional player. It’s been an amazing ride and I wanted to thank every single person who has helped me and supported me through the highs and lows during a career which lasted over 20 years and gave me… pic.twitter.com/3ZuSMrPHcR
— Нани (@luisnani) Декември 8, 2024