Дома Останати Тенис Костјук победи во украинското дерби на Ролан Гарос, па се расплака (Видео)

Костјук победи во украинското дерби на Ролан Гарос, па се расплака (Видео)

Украинската тенисерка Марта Костјук успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, откако денеска во Париз ја совлада својата сонародничка Елина Свитолина со резултат 6:3, 2:6, 6:2.

Мечот траеше еден час и 49 минути. Костјук е на 15. место на светската ранг-листа, додека Свитолина се наоѓа на седмата позиција според WTA.

Во полуфиналето во Париз, Костјук ќе игра против Русинката Мира Андрејева, која денес претходно во четвртфиналето беше подобра од Романката Сорана Кирстеа со 6:0, 6:3.

Останатите две четвртфинални дуели на Ролан Гарос ќе се играат утре, а ќе се соочат Арина Сабаленка (Белорусија) – Дијана Шнајдер (Русија) и Ана Калинска (Русија) – Маја Хвалинска (Полска).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…