Дома Останати Кошарка Koментаторот падна во транс: Јокиќ погоди од својата половина и тоа – со една рака! (Видео)

Koментаторот падна во транс: Јокиќ погоди од својата половина и тоа – со една рака! (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар и запиша нов трипл-дабл, јубилеен 150-ти, во триумфот на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс на домашен терен, со резултат 132:123.

Јокиќ на петти последователен натпревар запиша трипл-дабл, а овој пат забележа неверојатни 35 поени, 22 скока и 17 асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јокиќ заедно со трипл-даблот речиси традиционално приреди несекојдневен потег, а сега тоа беше кош од својата половина во завршетокот на третата четвртина.

Тој ја прими топката 1,7 секунди пред крајот на четвртината на својата линија за три поени и шутна, при што топката „без топче“ влезе во противничкиот кош.

Јокиќ не го славеше премногу тој чудесен тројка кој беше постигнат од шестата најголема далечина во историјата на НБА лигата, а по натпреварот го прашаа за што размислувал кога шутнал.

“Знаев дека ќе влезе”, се пошегува Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брутална тепачка меѓу „Гробари“ на натпреварот во Белград (Видео)

Кошаркарите на Партизан и Париз играат неизвесен натпревар во шестото коло од Евролигата в…