Дома Фудбал Колина предложил револуционерно правило – пеналите може засекогаш да бидат променети!

Колина предложил револуционерно правило – пеналите може засекогаш да бидат променети!

Легендарниот италијански фудбалски судија и шеф на судиската комисија на УЕФА Пјерлуиџи Колина ќе предложи револуционерна промена при изведување пенали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колина (65) важи за најлегендарниот фудбалски судија досега. Така, УЕФА го именуваше како шеф на судиите во 2017 година, а како што и натаму се наоѓа на таа позиција, неговиот предлог лесно може да биде усвоен.

Италијанецот сака да го укине правилото дека играч може да постигне гол од пенал откако голманот ќе го одбрани ударот од белата точка. Колина сака да забрани да играчот кој шутира пенал може да постигне гол од одбиена топка, како и било кој друг играч од неговиот тим.

Таква ситуација се случува многу често и сигурно би влијаело на фудбалската игра.

“Верувам дека постои голема разлика помеѓу шансите кои ги имаат голманот и напаѓачот. Во просек се постигнуваат 75 проценти од пеналите, а често е тоа поголема шанса отколку онаа што ја спречуваме преку фаул. Освен тоа, на напаѓачот му се дава дополнителна шанса да погоди по одбиената топка и одбраната на голманот. Според моето мислење, голманите би требало да се жалат на тоа,” рече славниот Италијанец.

Колина откри дека веќе го иницирал тоа прашање во ИФАБ (Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации), каде што побара да се преиспита правилото. ИФАБ е надлежен за правилата на фудбалската игра и е единствениот кој се зема предвид во професионалниот фудбал.

<
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …