Клубовите од Саудиска Арабија повторно го насочуваат својот фокус кон фудбалските ѕвезди, а најновата цел им се двајца од најважните играчи на Реал Мадрид – Родриго и Винисиус Жуниор.
Според медиумските извори, амбициозниот Ал Хилал подготвува рекордна понуда за бразилскиот офанзивец Родриго, која наводно би надминала 300 милиони евра, што би претставувало нов преседан во фудбалскиот пазар.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Од друга страна, Ал Ахли има сериозна намера да го ангажира Винисиус Жуниор, кој и претходно беше поврзуван со можен трансфер во Саудиска Арабија.