Дома Останати Кошарка Клубот на Јокиќ се повлече од АБА2-лигата!

Клубот на Јокиќ се повлече од АБА2-лигата!

Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор одлучи во средината на сезоната да ја напушти АБА 2 лигата!

Српскиот клуб ја донесе оваа шокантна одлука откако обезбеди пласман во Топ 8 фазата на натпреварувањето, како првопласиран во својата група. Тимот од Сомбор беше пред екипите на Подгорица, Широки Бријег и Пелистер.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Им благодариме на клубовите од АБА лигата и АБА лига 2 за професионалната, фер и коректна соработка, поради вонредните околности кои го спречуваат клубот КК Џокер да се натпреварува до крајот на сезоната. Џокер ја извести Управата на АБА лигата со официално писмо, испратено на 9 јануари. Клубот објави дека е принуден да се повлече од натамошното учество во АБА 2 лигата во сезоната 2024/25″, се наведува во соопштението на лигата.

Во согласност со официјалните правила на ФИБА и прописите на АБА лигата, сите натпревари на Џокер од првата фаза на натпреварувањето ќе бидат регистрирани со службен резултат 20:0 во корист на нивните противници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто не се памети: Кинески кошаркар ја сокрил својата девојка во – куфер!

Кинескиот професионален кошаркар Џанг Синглианг не сакал да помине ниту една ноќ без своја…