
Првото издание на Светското клупско првенство ќе започне во ноќта меѓу сабота и недела.
Што да се очекува, тешко е да се предвиди. Комплетно ново поглавје, како за организацијата, така и за екипите и навивачите. Нема гаранција за успех, а најновите вести кои “Атлетик” ги објави, укажуваат дека продажбата на билетите не ги исполнува предвидувањата.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Се чини дека за отварањето натпревар, кој ќе се одржи во Мајами меѓу домашниот Интер и Ал Ахли, досега се привлечени едвај 25.000 посетители. Инаку, капацитетот на “Хард рок стадионот” е нешто повеќе од 65.000 седишта.
Фактот што продажбата не оди според планот се потврди неодамна, кога првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се појави во домот на познатиот стример “I Show Speed” и со себе го донесе и трофејот за да го промовира настанот.
Овој потег предизвика бројни дебати околу тоа дали ФИФА некогаш била на понизок степен со сегашните напори да ги поттикне навивачите да купат влезници.
Јасно е дека некои натпревари ќе привлечат повеќе, а некои помалку публика, но очигледно е дека просекот нема да ги достигне очекувањата на светската организација.