Дома Фудбал Ќе се гради спектакуларен стадионн, 350 метри над земјата! (Видео)

Ќе се гради спектакуларен стадионн, 350 метри над земјата! (Видео)

Саудиска Арабија повторно ги поместува границите на архитектурата и спортот, најавувајќи изградба на првиот „небесен стадион” на светот, кој ќе биде дел од футуристичкиот мегапроект НЕОМ.

Ова импресивно здание, познато како НЕОМ Стадион, е планирано на висина од околу 350 метри од земјата, внатре во вертикалниот град The Line, што го прави уникатен во историјата на спортските градби.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со капацитет од приближно 46.000 места, стадионот најавува да стане центар за идните спортски настани, вклучително и можни натпревари на Светското првенство 2034 година, кое Саудиска Арабија има амбиција да го организира.

Проектот е дизајниран со посебно внимание на одржливоста и ќе се напојува со обновливи извори на енергија, целосно интегрирани во дигиталната и еколошка визија на НЕОМ.

Иако визуализациите и плановите се веќе претставени на јавноста, експертите истакнуваат дека проектот е сè уште во фаза на планирање и дека изградбата не е започната.

Според достапните информации, почетокот на градежните работи се очекува најрано во 2027 година, додека завршувањето може да се случи околу 2032 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…