Дома Фудбал Кавга во тунелот на натпреварот ПСЖ – Ливерпул: „Ова не е француската лига“ (ВИДЕО)

Кавга во тунелот на натпреварот ПСЖ – Ливерпул: „Ова не е француската лига“ (ВИДЕО)

Се појави снимка од жестока расправа на полувремето од натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во дерби натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампиони, фудбалерите на Ливерпул победија како гости во Париз со резултат 1:0.

Фудбалерите на ПСЖ имаа многу повеќе од играта, но не успеаја да го материјализираат тоа, благодарение најмногу на фантастичните одбрани на Алисон Бекер, кого УЕФА службено го избра за Играч на неделата.

Меѓутоа, имаше и неколку спорни ситуации. Французите сметаат дека биле оштетени во првото полувреме кога дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, имаше дуел со напаѓачот на домашниот тим Брадли Баркола. Беше консултиран и ВАР во таа ситуација, но италијанскиот судија Давиде Маса одлучи дека нема елементи за најстрога казна.

Во врска со тоа, на снимката од францускиот Канал плус, се слуша како спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, на полувремето инсистираше дека Конате требаше да добие црвен картон или да биде досуден пенал за гурање на Баркола.

Меѓутоа, се слуша и одговорот на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк:

„Ова не е Лига 1, брате.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…