
Манчестер јунајтед продолжува да тоне и игра една од најлошите сезони и покрај промената на тренерот.
Рубен Аморим беше дочекан како потенцијален менаџер за цела една ера, но во првата сезона неговите резултати се под сите очекувања.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во Премиер лигата, Јунајтед со Аморим одигра 21 натпревар и има само ШЕСТ победи, со пет нерешени резултати и дури 10 порази.
Освен тоа, Јунајтед има и негативна гол разлика во ПЛ со Аморим, 26 постигнати и дури 33 примени голови.
На сето тоа треба да се додаде дека Јунајтед е на 14-то место со 38 бодови, а Вест Хем, кој е првиот над линијата, има само три помалку – 35.
Фрапантен е и податокот дека лидерот Ливерпул и најголем ривал има 76 бодови, двојно повеќе од Јунајтед.
Аморим единствено може да се извлече во Лига Европа, иако и таму го очекува тежок предизвик, бидејќи мора да го победи Лион на “Олд Трафорд”, по 2:2 во првиот натпревар.
Португалецот е секако под огромен притисок и прашање е дали ќе може и наредната сезона да го врати Јунајтед таму каде што му припаѓа, посебно ако остане без пласман во Европа, што е повеќе од извесно…