Дома Фудбал Каталонските медиуми силно удрија по Анчелоти: Го обвинуваат за двојни стандарди!

Каталонските медиуми силно удрија по Анчелоти: Го обвинуваат за двојни стандарди!

Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, подлежи на критики од страна на каталонските медиуми.

Бразил го совлада Чиле дома со убедливи 3:0, а следува тешкото гостување во Боливија, на најголемата надморска височина во Јужна Америка. Иако овој натпревар нема особена тежина во однос на резултатите, Анчелоти наводно планира повторно да го стави фудбалерот на Барса Рафиња во почетниот состав, што ги разлутило Каталонците.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Медиумите од тој регион жестоко ја критикуваат одлуката на Анчелоти да не ги повика ѕвездите на Реал Мадрид – Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и Ендрик, кои добија одмор за да се подготват за продолжението на сезоната.

Посебно внимание привлекува ситуацијата околу Винисиус Жуниор, кој беше суспендиран за натпреварот против Чиле, и Анчелоти сепак не го повика, за разлика од јуни кога Рафиња исто така беше на суспензија и беше достапен за вториот натпревар.

Треба да се земе предвид дека Анчелоти не сакаше да ризикува и поради фактот што играчите на Реал Мадрид учествуваа на Светското клупско првенство до средината на јули, што беше главната причина, но од друга страна, Каталонците со право негодуваат бидејќи Рафиња не доби заслужен одмор како и многу други стандардни првотимци.

Бразилските медиуми потенцираат дека Анчелоти можеше да го искористи гостувањето во Боливија за да им даде шанса на резервистите и да види на кого може сериозно да се потпре, па останува да видиме што ќе одлучи Италијанецот.

Во секој случај, Барселона е бесна и оправдано загрижена, особено поради тоа што Френки де Јонг го напушти кампот на репрезентацијата поради мала повреда, а надвор од игра се и Гави и Алехандро Балде, кои ќе паузираат неколку недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби понуда од Блискиот Исток која ќе биде тешко да се одбие – вредна е 68 милиони евра

Во повеќето европски лиги летниот преоден рок заврши, но на Блискиот Исток тој сè уште тра…