Дома Фудбал Касиљас испрати загрижувачка порака: Не можам да се преправам, не сум добро

Касиљас испрати загрижувачка порака: Не можам да се преправам, не сум добро

Икер Касиљас беше на врвот и како капитен на фудбалската репрезентација на Шпанија ги освои сите важни титули. Сега, сепак, подолго време поминува низ тежок период во животот.

Поранешниот голман на фудбалската репрезентација на Шпанија и Реал Мадрид, Икер Касиљас е еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, наместо да ужива во пензија и да бере плодовите од својата кариера, тој доживува вистинска животна драма поради сè што му се случува во животот.

Фудбалската кариера ја заврши на многу тажен начин. Тогаш голманот на Порто мораше да ја заврши кариерата поради тежок срцев удар кој го погоди за време на тренинг со тимот.

Сега реши да ја отвори душата и призна дека не се чувствува добро после сето она што го преживеа.

„Не спијам редовно. Сакам да изгледам како да сум добро, но не можам да уживам во животот.

Слушам доста постари песни, но повеќе не можам да сонувам навечер“, рече Касиљас.

Фото: Принтскрин.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…