Дома Останати Кошарка Кари влезе во историјата на НБА лигата, но Ѓоковиќ му честиташе сосема друга работа

Кари влезе во историјата на НБА лигата, но Ѓоковиќ му честиташе сосема друга работа

Кошаркарите на Голден Стејт славеа со 130:104 против Сакраменто во НБА лигата, а натпреварот го одбележа Стеф Кари.

Не поради својот извонреден настап, бидејќи постигна само 11 поени, туку поради тоа што постигна бројка од 4.000 тројки во натпревари од регуларниот дел на сезоната во НБА.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Кари зад себе ги остави Џејмс Харден со 3.127 тројки и Реј Ален кој постигна 2.973.

А денес, поради Кари се огласи најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, не поради ова достигнување, туку српскиот ас на Стеф му честиташе роденден.

Новак објави нивна заедничка фотографија и напиша:

– Добредојде во 37, Шефе! Среќен роденден – напиша српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“ во НБА: Јанис сака кај Дончиќ и Леброн?!

Јанис Адетокумбо, ѕвездата на Милвоки Бакс, може многу лесно да заврши во редовите на Лос …