Дома Фудбал Каков удар за Реал Мадрид, познат судија откри сè: Постои таа темна страна на фудбалот…

Каков удар за Реал Мадрид, познат судија откри сè: Постои таа темна страна на фудбалот…

Поранешниот шпански судија Ксавиер Естрада Фернандез сведочеше за притисокот што го имал кога во 2009 година ја исклучи тогашната голема ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Судирот меѓу Барселона и Реал Мадрид поради ‘судијска помош’ трае веќе со години. Обвинувања до големиот ривал доаѓаат од двете страни, а бидејќи сè уште се зборува за ‘Случајот Негreira’ и плаќањето на судии од страна на Барселона, каталонските медиуми пронајдоа човек кој ќе зборува за притисоците од Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јавноста по долго време повторно го виде поранешниот судија Ксавиер Естрада Фернандез. Тој јавно изјави дека се соочил со прогон и огромен притисок откако во 2009 година ја исклучи ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

„Кога во 2009 година го исклучив Кристијано Роналдо, речиси две години не судев на натпревари на Реал Мадрид”, вели Естрада Фернандез и додава:

“По тој натпревар ме повика шефот на Судиската комисија Санчез Арминио. Се случи тоа буквално 10 минути откако влегов во куќата.”

Потоа изговори зборови какви што никој апсолутно не очекуваше. Тврди дека постои темна страна на фудбалот за која не се зборува премногу.

„Постои онаа темна страна на фудбалот која на луѓето им е непозната или за која луѓето не сакаат да знаат. Секако, постојат луѓе кои тоа максимално го искористуваат во своја полза”, наведува Ксавиер Естрада Фернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез е подготвен да го потресе фудбалскиот свет!

Одличниот португалски играч од средината на теренот, Витиња, е голема желба на Реал Мадрид…