Дома Моторспорт Како во старите добри времиња на Формула 1: Вилијамс најави нова соработка со Хонда

Како во старите добри времиња на Формула 1: Вилијамс најави нова соработка со Хонда

Ф1 тимот на Вилијамс го најави враќањето во минатото, но овој пат тоа нема да го направи на патеката на светското првенство, туку на славниот фестивал на брзината во Гудвуд.

Настанот ќе се одржи од 10 до 13 јули, а посетителите ќе имаат можност да видат неколку легендарни автомобили што го запишаа во историјата.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Меѓу нив ќе биде и Вилијамс FW11, болидот во кој Најџел Менсел во 1986 година речиси стана светски шампион, но во таа одлучувачка трка гумата го изневери, па титулата му припадна на Ален Прост.

Менсел сега, првпат од таа 1986 година, ќе седне повторно зад воланот на FW11, откако инженерите на Вилијамс успешно го реставрираа овој легендарен болид.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Знаете ли колку ќе чини литар бензин за Ф1 следната сезона?

Доаѓаат нови правила од ФИА и ФОМ, а со нив и ново гориво за хибридните мотори. Секој тим …