
Сантос конечно го прекина лошиот период во 18. коло на бразилската Серија А, со победа од 3:1 против Јувентуде. Главната улога ја одигра Нејмар, кој двапати ја затресе мрежата и повторно ја покажа својата огромна вредност за матичниот клуб.
Оваа победа дојде по три натпревари без триумф и речиси еден месец чекање. Од враќањето во Сантос, Неймар е клучен фактор за секоја победа на тимот – тие слават само кога тој директно учествува во погодоците, било како стрелец или како асистент.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во 37. минута Неймар го отвори резултатот со одлична реакција на одбиена топка во шеснаесетникот. Само три минути подоцна, Барреал ја зголеми предноста на 2:0. Гостите се вратија во игра во судиското продолжение на првото полувреме преку Анхело, кој го намали резултатот на 2:1.
Сепак, сомнежи околу победникот немаше. Во 80. минута Неймар реализираше пенал и ја потврди победата на Сантос, со што клубот конечно стави крај на низата неповолни резултати.
Овие беа првите погодоци на Нејмар од мечот против Фламенго, кога беше единствениот стрелец за Сантос.