
Двајца искусни возачи би можеле повторно да се најдат на Ф1 патеката, и тоа во истиот тим. Преговорите веќе започнале, а новата можност се отвора со доаѓањето на Кадилак.
Серхио Перез и Валтери Ботас, двајца возачи со богато искуство, водат сериозни разговори за можно враќање во Формула 1 во 2026 година.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Оваа сезона двајцата останаа без тркачки места, но следната година би можела да донесе пресврт благодарение на доаѓањето на Cadillac како 11-ти тим на патеката.
Влегувањето на американскиот гигант се совпаѓа со почетокот на новата ера на техничките правила, што значи дека Кадилак може да биде идеална можност за оние кои се враќаат.
Веќе некое време се шпекулира дека Кадилак бара комбинација од искусен возач и млад талент, по можност од американско потекло.
Како што наведува сајтот на Формула 1, Кадилак покажува „посебен интерес“ за Серхио Перез.
Фото: Принтскрин